ИЦЕ ИНЖИНЕРИНГ – основана од 2004
„Ице Инжинеринг“ Дооел, Скопје, е компанија која нуди професионални услуги во областа на градежништвото, внатрешното уредување и инсталациските работи. Со посветеност, прецизност и внимание на секој детал, работиме на создавање функционални, квалитетни и современо уредени простори.
Нашата цел е на клиентите да им понудиме комплетна услуга и сигурно решение – од првичните работи до финалното уредување на просторот.
Без разлика дали станува збор за уредување на дом, стан, деловен простор, реновирање или новоградба, „Ице Инжинеринг“ нуди професионален пристап, квалитетна изведба и почитување на договорените рокови.
Вашата идеја – наша реализација.
“Ице Инжинеринг“ – квалитет, сигурност и прецизност во секој проект.
Ивица Манасиевски
Директор