Инсталации на електрика

Електричната инсталација вклучува монтирање и поврзување на кабли и придружни уреди како што се прекинувачи, осигурачи, разводни табли, монофазни и трофазни приклучници, како и правилно осветлување на просторот.

Електрично поврзување на уреди

Поврзувањето е ограничено со безбедносни стандарди за проектирање и изведба. Притоа се користат разни кабли во зависност од:

  • температурата на просторот,
  • изложеноста на влага, сончева светлина, хемикалии,
  • како и големината на струите кои протекуваат низ нив.

Сите околности и услови мора да бидат земени во предвид за да може правилно да биде димензионирана електичната инсталацијата за да се овозможи правилна работа на уредите како и нивна заштита.

Осветлување

Осветлувањето во домот е еден од оние елементи што секогаш се забележуват кога има добро присуство и чувство кога сте во просторот. Меѓутоа уште повеќе се чувствува кога е слабо и ве спречува во извршување на работните задачите. Правилен избор на осветлувањето внесува добар амбиент во просторот и ја зголемува естетиката.

Leave a Reply